21 дена назад кон себе
21 дена во кои повторно ќе се сретнеш со жената во огледалото. Не за да ја поправиш. Не за да ја промениш. Туку за повторно да ја забележиш.
Не се губиме себеси одеднаш. Тоа се случува малку по малку. Прво има работа. Потоа обврски. Дом. Партнер. Рокови. Пораки. Сметки. „Каде е ова?“ „Можеш ли само...“ И некаде меѓу сите тие работи, ти остануваш за „кога ќе имам време“. А тоа време чудно... никако да дојде.
Mirror Reset започна токму од тоа место.
96 страници

Написан на македонски. Целият журнал — всеки ден, всеки въпрос, всяка бележка — е на македонски. Страницата, която четеш, не е.
- Комплетен 21-дневен дигитален Mirror Reset — PDF, веднаш достапен по купувањето
- 21 различни теми
- 21 музички ритуали — по една песна на ден, преку QR-код или линк
- Интерактивни линкови и QR-кодови
- Прашања за лично пишување и размислување
- Мали beauty & self-care ритуали
- Неделни моменти за осврт
- Пристап до Telegram заедницата
- Дополнителни beauty / makeup видеа и трикови од Ивана
- Еднократно плаќање · без претплата · датотеката останува твоја
Можеби...
- имаш чувство дека цел ден правиш нешто, а навечер не знаеш што направи за себе
- се гледаш во огледало само за да провериш дали изгледаш „пристојно“
- купуваш нешто за себе и веднаш размислуваш дали навистина ти требало
- знаеш што им треба на сите околу тебе, но одамна не си се прашала што ти треба тебе
- не си несреќна. Само... некако си се изгубила во сето тоа
Ако барем една реченица те погоди
Mirror Reset можеби е токму за тебе.
Што е Mirror Reset?
21 дена. Секој ден отвораш нов ден од твојот Mirror Reset.
Не ти требаат часови. Не ти треба специјална опрема. Не треба да одиш никаде. Треба само да си дадеш малку време.
Секој ден носи
- тема на денот
- музички ритуал
- прашања за лично размислување и пишување
- мал self-care / beauty ритуал
- простор само за себе
Музиката
Некои песни само ги слушаме. Други нè враќаат на места за кои сме мислеле дека сме ги заборавиле.
Секој од 21-те дена носи внимателно избрана песна, поврзана со темата на тој ден. Но однапред не знаеш која песна те очекува. Само ја скенираш или ја кликнуваш — и таа започнува.
Музиката во Mirror Reset не е случајно избрана. Таа е дел од самиот ритуал.
Ова не го правиш за мене
Јас не ги читам одговорите на жените. Не треба ништо да ми испраќаш. Не мораш јавно да споделиш ништо. Mirror Reset е твој личен простор.
Нема да те прашувам што си напишала. Нема да мораш да споделиш нешто што не сакаш.
Твоето огледало. Твојата музика. Твоите мисли. Твоите 21 дена.
Која стои зад Mirror Reset
Mirror Reset е составен од неколку работи што одамна ги носам со себе — моето лично искуство како жена и мајка, периодите во кои и самата сум се ставала последна на списокот, моето образование и интерес кон психологијата и долгогодишното искуство во beauty индустријата.
И над сè, од едно многу едноставно сознание: понекогаш на жената не ѝ треба уште една задача. Туку причина да застане за момент.
Mirror Reset не е психотерапија и не заменува психолошка или медицинска помош — тоа е простор за лична рефлексија и грижа за себе.
Mirror Reset не е
- терапија
- диета
- fitness challenge
- програма за „совршено тело“
- уште една листа со 100 задачи
- ветување дека за 21 ден животот магично ќе ти се промени
Тоа е само договор со себе
21 дена. Неколку минути дневно. Да не се прескокнеш себеси.
Можеш уште долго да чекаш да дојде периодот кога ќе имаш повеќе време. Кога ќе завршат обврските. Кога ќе биде помирно. Кога сите други ќе имаат помалку потреба од тебе.
Но можеби не ти треба цел слободен ден. Можеби ти требаат само неколку минути во кои повторно ќе се ставиш на списокот.
21 дена. Едно огледало. И малку повеќе простор за себе.
Истински страници, точно както пристигат.
Идејата не е да си создадеме уште една обврска. Повеќето денови бараат само мал личен простор — темпото го избираш самата.




